Одржана работна средба на претставници од МЗШВ и Локални Акцион и Групи

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 12.01.2021 во Тетово одржа работна средба со претставници на Локални Акциони Групи.  На средбата беа дискутирани предизвиците со кои се соочуваат Локалните Акциони Групи при користење на средства од Мерка 412 и Мерка 413.  Иако критериумите за искористување на овие мерки беа неповолни за ЛАГовите, бидејќи за прв пат им беше дадена можност да користат финансиски средства од Програмата за рурален развој за 2019 години, 7 од регистрираните 13 Локални Акциони Групи со цел да дадат придонес за воведување на мерката ЛИДЕР/Стратегии за локален развој предводен од заедницата се одлучија да аплицираат и реализираат проекти во рамките на Мерка 412 и мерка 413. Повеќе од 12 месеци, Локалните Акциони Групи чекаат исплата на средства после завршени проектни активности за овие мерки, и тоа 60% од вкупните проектни трошоци за секој ЛАГ поединечно.  При користење на финансиски средства од овие мерки Данокот на Додадена вредност и Данокот на доход не се прифатлив трошоци, што дополнително ги зголеми финансиските вложувања од страна на ЛАГовите. Ова ја доведува во прашање одржливоста на Локалните Акциони Групи во нашата држава, и сите досегашни напори од меѓународни донатори за воведување на ЛИДЕР(LEADER) пристапот во нашата држава.

Од 2019 година до денес, МЗШВ не објави повик за Евидентирање на нови ЛАГ иницијативи во Регистарот на ЛАГови, а ни Повик за финансиска поддршка од Националната Програма за рурален развој за 2020 или 2021 година.

Мрежата на ЛАГови во 2021 година достави предлози до МЗШВ  за ревидирање на Мерка 412 и Мерка 413 во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 за да им се овозможи на ЛАГовите да реализираат проекти согласно нивните Стратегии за локален развој и да дадат придонес за одржлив рурален развој на територијата каде делуваат. Во предлозите на

Според претставниците на МЗШВ, Повикот за Мерка 412 и мерка 413 се планира за месец Октомври 2022 година но со истите критериуми како Повикот во 2019 година, со што Локалните Акциони Групи нема да бидат во можност да аплицираат.

Во земјите на Европската Унија, Локалната акциона група (ЛАГ) е препозната како многу важен линк во областа на руралниот развој и на руралните средини. Фокусот на работа се заснова на заедничко планирање на она што треба да се направи, преземање на конкретни активности, следење на успешноста на своите активности и секако нивно унапредување и интегрирање на локални, јавни, приватни институции и граѓански организации. ЛАГовите го користат "Bottom up"пристапот преку вклучување на сите чинители на одредена територија со цел да се најдат вистински решенија за проблемите на локалното население

Од 2014 година до денес, Локалните Акциони Групи во нашата држава со своите активности поддржани од донатори покажаа дека се носители на одржлив рурален развој на територијата на која делуваат, но  неопходна е поддршката од МЗШВ за нивна одржливост. ЛАГовите очекуваат МЗШВ да одговори на нивните барања и да обезбеди поддршка за Локалните Акциони Групи, со заедничка цел - одржлив развој на руралните заедници.