МЗШВ започнува соработка со Локалните Акциони Групи

На 01 јуни 2018 им беа доделени Решенија на тринаесет Локални акциони групи од Македонија кои се запишани во Регистарот на лагови кое се води при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а согласно утврдените критериуми кои треба да ги исполнува една Локална акциона група (ЛАГ) од Македонија.

Со ова практично се затвори еден процес кој започна во декември 2013 (за некои лагови и порано) и чија цел беше формирање на нови правни субјекти, организации, кои ќе работат во делот на ревитализацијата на селото и руралните подрачја на територијата на Македонија.

Овие локални акциони групи се здруженија кои се регистрирано формално – правно во Централен Регистер на Македонија и преставуваат доброволни, непрофитни, невладини и непартиски организации, формирани со слободно здружување на субјекти од граѓанскиот, јавниот и бизнис сектор кои делуваат на определена територија (согласно определене територија која опфаќа минимум две општини) и во која се членува на доброволна основа со единствена цел преземање на активности и ангажирање заради остварување на поширок општествен интерес од областа на руралниот развој и ревитализација на селото.

Локалните акциони групи имаст задача да ги спроведуваат принципите и политиките за рурален развој со примена на ЛЕАДЕР мерката како дел од ИПАРД програмата во Македонија, импементирајќи проектни иницијативи согласно Стратегијата за локален развој воден од заедницата (CLLD-  community led local development)

Локалната акциона група ќе биде иницијатор, двигател и креатор во мобилизирањето на локалните потенцијали преку организација на чинителите, преку едукација на граѓаните и правните лица, како и обезбедување на поддршка на активности за подобрување на условите на живот и севкупен развој на руралната популација.Исто така, високо на нивната агенда ќе биде и негувањето на економските, културните и историските вредности на руралните населени места на територијата на општините локалната акциона група е основана и каде ќе дејствува.