Мрежата на Локални Акциони Групи во соработка со општина Кривогаштани ќе го подобруваат пристапот до социјална заштита преку дигитализација и вмрежување

Претседателот на Мрежа на ЛАГови (локални акциони групи)- г-ѓа Марина Тошеска денес оствари средба со Градоначалникот на Општина Кривогаштани г-н Николче Мискоски и Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп г-н Дејан Тошески и на која се воспостави официјална соработка во рамките на проектот eHelp North Macedonia –Подобрување на пристапот до социјална заштита преку дигитализација и вмрежување спроведуван од LAG Regionalmanagement Regio3, Австрија во партнерство со МРЕЖА НА ЛАГОВИ, С.Македонија со финансика поддршка на Федералното Австриско Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

Жителите на руралните средини се соочуваат со бројни предизвици во остварување на своите права согласно законските регулативи и програми, и затоа општина Кривогаштани со вклучување во овој проект ќе овозможи подобрување на пристапот до социјална заштита преку дигитализација и вмрежување.

 

Воведувањето на услуги (теренски и мобилни услуги) кои се услуги базирани во заедницата кои имаат цел да ги поддржат лицата кои се изоставени од заедницата, да ги препознаат и да ги уживаат социјалните и човековите права се успешни практики во земјите на ЕУ. Преку овој проект со воспоставување на овие услуги ќе се даде придонес кон инклузивни заедници и имплементирање на Агенда 2030 на локално ниво, особено на Целите за одржлив развој: 1,2,3,4,5,10,11 и 17.

Во општина Кривогаштани,Мрежата на ЛАГови  во соработка со Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа- Прилеп и локалната самоуправа ќе воспостави мобилен тим кој ќе ги посетува социјално ранливите семејства во руралните области на општина Кривогаштани обезбедувајќи информативна и советодавна поддршка, а од наредниот месец жителите на општината ќе може да се информираат за правата и социјалните услуги преку дигитална платформа.

Partners