Мрежата на ЛАГови потпиша Меморандум за соработка со општина Долнени

Претставник на Мрежата на Локални Акциони Групи денес оствари средба со Градоначалникот на општина Долнени г-н Урим Ибески и претставници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа - Прилеп на која со потпишување на Меморандум за соработка општина Долнени стана дел од Проектот eHelp North Macedonia - Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување спроведуван од LAG Regionalmanagement Regio3, Австрија во партнерство со МРЕЖА НА ЛАГОВИ со финансика поддршка на Федералното Австриско Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

Преку соработка со општината ќе се овозможи подобрување на пристапот до права од социјална заштита и развој на социјални услуги за жителите од руралните заедници на општина Долнени.

Partners