Локалните акциони групи со поддршка на МЗШВ ќе спроведуваат проекти за подобрување на условите за живот во руралните средини

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството (ИПАРД) согласно програмата за финансиска поддршка во руралниот развој обезбедија финансиска подддршка за Локални Акциони Групи наменета за проекти за развој на руралните средини.

Девет Локални Акциони Групи се одбраним а секој од овие девет ЛАГ-ви ќе спроведува проекти согласно својата Стартегија за локален развој воден од задницата. Одобрените проекти се за поставување на урбана опрема, реконструкција на сместувачки капацитети, монтажа на фотоволтаични системи,уредување на туристички места, воспоставување на систем за собирање на отпад и др, односно за се што е во насока на создавање на услови за подобар живот во секој од руралните региони. Овие проекти ќе се реализираат во Босилово, Крушево, Долнени,  Јегуновце, Пехчево, Ранковце, Градско, Чашка, Велес(рурален дел), Конче, Стојаково во општина Богданци, Куманово и др.

ЛАГ-овите се еден вид на јавно приватно партнерство во кое што се вклучени самите земјоделци, земјоделските здруженија, бизнис заедницата и локалните самоуправи. Овој модел на заедничко функционирање пред се овозможува  висок степен на демократија и партиципација на земјоделците во изборот и креирањето на приоритетите во аграрната политика, како и во програмите за рурален развој. Во рамки на ЛАГ-овите, земјоделците и населението во руралните средини ќе имаат можност директно да ги посочат своите потреби за развивање на руралните средини. 

Вкупната финансиска поддршка која ќе им биде доделена на овие девет ЛАГ- ови, е 7,7 милиони денари. Финансиската поддршка е неповратна и се врши поврат на 100% од реализираната инвестиција. Со помош на овие средства во речиси сите делови од државава, ќе се реализираат повеќе проекти креирани од Локалните Акциони Групи кои се реална потреба на жителите во руралните заедници.