ИНДИВИДУАЛНИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ И НИВНИТЕ ПРАВА - Имаат ли право на платено породилно отсуство?

Зајакнувањето на индивидуалните земјоделци и обезбедувањето на пристап до права треба да биде приоритет во националните политики и програми. Тројното оптоварување во репродуктивната, продуктивната и социјалната сфера за земјоделците се
продлабочува со товарот на неплатено отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство за жени – регистрирани како
индивидуални земјоделци.

Од неплатени домашни работници до егзистенцијални земјоделци, кои дел од своите егзистенцијални средства
ги насочиле кон премин од неформална во формална економија, и пристапиле кон регистрирање во системот на
здравствени осигуреници и системот на пензиско осигурување, работејќи во небезбедни услови, остварувајќи пониски
приходи, без никаква заштита од законите за работни односи и социјални бенефиции, тие се соочуваат со предизвикот на НЕМАЊЕ право на платен надоместок при отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство. 
Имајќи предвид дека заштитата на мајчинството е основно човеково право, а пристапот до платено породилно отсуство има
клучно значење за ефективна примена на законодавството и еднаков пристап до работничките права, во нашата држава неопходна е потребата од воспоставување и спроведување на инклузивни законски рамки кои ќе обезбедат основни права, какви што се породилното отсуство, правото на паричен надоместок
за отсуство при раѓање на дете и за здравствените осигуреници индивидуални земјоделци. На овој начин ќе обезбедиме кохерентни социјални програми кои ќе го намалат нееднаквиот пристап до права за жените од различни работни дејности, и ќе обезбедат еднаквост и социјална правда.
 

Следејќи ги политиките и програмите во државите на ЕУ кои имаат слични системи на регулирање и следење на вработувањето во секторот земјоделство, и фокусирајќи се на изготвување на предлог-решение кое ќе успее да ги опфати меѓународните
стандарди и политики, адаптирајќи ги во согласност со националните законски регулативи и политики во нашата држава, подготвена е оваа публиакција во која е дадено предлог-решение за остварување на право на паричен надоместок за бременост, раѓање и грижа за дете за жени регистрирани како индивидуални земјоделки.