ЕУ ЛИДЕР пристап за интегриран територијален развој и рурален просперитет на РС Македонија

Имплементирањето на ЛИДЕР пристапот е неопходност за одржлив рурален развој во
Република Северна Македонија бидејќи руралната област опфаќа 88,7% од целата територија
на државата, вклучувајќи 62 општини со 985.000 жители или 47,3% од вкупното население
Мрежата на ЛАГ во соработка со своите членки - локални акциски групи со цел
дијагностицирање на моментната ситуација со ЛИДЕР пристапот и положбата на локалните
акциски групи користејќи ја алатката за анализа на силни и слаби страни, можности и закани -
SWOT во периодот октомври-ноември 2021 ги анализираше законската рамка и концептот на
ЛИДЕР програмата и состојбата на локалните акциски групи како основа да се направи
проценка на потребите и можностите за спроведување на ЛИДЕР мерката „Стратегии за
локален развој и одржлив развој на локалните акциски групи“.

Како меѓусекторски пристап кој вклучува широк спектар на области и засегнати страни, ЛИДЕР
пристапот е втемелен во политиките за рурален развој на Европската Унија, овозможувајќи
партиципативно учество, рамномерен територијален развој и социо-економски прогрес во
руралните области. Спроведувањето на ЛИДЕР пристапот во Република Северна Македонија сѐ
уште се соочува со бројни предизвици, кои го забавуваат процесот на имплементација на
ЛИДЕР пристапот како мост помеѓу локалните и националните актери и институциите на
Европската Унија.

Целокупната цел што ја следи оваа публикација е да даде увид и согледувања не само за да се
пополнат недостатоците во воспоставувањето локални акциски групи и обезбедувањето на
нивна функционалност и одржливост, туку и за да се поддржи дизајнот и имплементацијата на
ЛИДЕР пристапот.