eHelp.mk - Дигитален простор за совети и поддршка за пристап до права од социјална заштита, социјални услуги и поддршка до вработување

Мрежата на ЛАГови во соработка со партнер организации од Австрија го креираа дигиталниот простор eHelp.mk со цел обезбедување на услуги и поддршка  за пристап до права од социјална заштита, права од детска заштита, социјални услуги и поддршка до вработување.

Оваа активност се реализира во рамките на проектот eHelp North Macedonia –Подобрување на пристапот до социјална заштита преку дигитализација и вмрежување спроведуван од LAG Regionalmanagement Regio3, Австрија во партнерство со МРЕЖА НА ЛАГОВИ, С.Македонија со финансика поддршка на Федералното Австриско Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

На eHelp.mk граѓаните може да се информираат и да добијат советодавна поддршка во остварување на своите права.

Содржината е достапна на македонски, албански и  англиски јазик. Дигиталниот простор е прилагоден за употреба за лица со попреченост, а содржината е достапна и во аудио форма.

Воедно се обезбедува поддршка преку чет службата, каде граѓаните може да поставуваат прашања, споделуваат проблеми и предлог решенија насочени кон подобрување на социјалната положба особено на маргинализираните групи на граѓани.